
Зошто наградуваме?
Во текот на нашето 10-годишно искуство, увидовме дека наградувањето игра клучна улога во постигнувањето реални и долгорочни резултати.
Кога постои награда како цел, мотивацијата расте. Клиентите не се водени само од внатрешната желба за промена, туку добиваат и дополнителен надворешен поттик кој ги движи напред.
Овој пристап создава поголема дисциплина, посветеност и конзистентност во процесот.
Но најголемата вредност доаѓа после наградата.
Тогаш самодовербата е зголемена, навиките се веќе изградени, а желбата за напредок станува уште посилна. Клиентите продолжуваат да работат на себе со поголема енергија и јасна визија.
Наградата не е само цел — таа е потврда дека можеш
Кои се наградите?
ЕДНА ОД НАШИТЕ ПОБЕДНИЦИ
Награди по секој 22-дневен предизвик:
1 место: Парична награда или шопинг ваучер
2 место: Парична награда
3 место: Парична награда
Награда по завршување на предизвикот од 66 дена (3 × 22)

