Искористи го максимално својот потенцијал и направи најдобра
верзија од себе со промена на мали навики во исхраната и
физичка активност !



За Ненад и Христина
Со што се занимаваме ?
Јас сум Ненад Антовски, а ова е мојата сопруга Христина. Ние веќе 13 години активно се занимаваме со промоција на здрав и активен начин на живот.
Заедно со нашиот неверојатен тим изградивме една Фит Заедница преку која им помагаме на луѓето да ја изградат својата најдобра верзија – без разлика дали нивната цел е намалување на килограми, зголемување на мускулна маса, подобрување на здравјето и имунитетот, или пак создавање дополнителен месечен приход.
Преку нашата Фит Заедница ќе имате можност да се вклучите во:
- 21-дневниот Do the Change предизвик
- Едукации за правилна исхрана
- Бесплатни онлајн тренинзи и FIT кампови
- Програми за личен и професионален развој
Сето ова е дел од интернационалниот 3×22 проект – систем кој ве води кон целосен (тотален) велнес.
Затоа што вистинскиот велнес не значи само добро тело, туку:
добро тело, полн новчаник и здрав начин на размислување.
Веруваме дека опкружување со позитивни, амбициозни и мотивирани луѓе во една здрава средина е токму тоа што го креира успехот.
Се надеваме дека тука ќе пронајдете вредни информации и инспирација за вашиот личен напредок.
Слободно контактирајте не за било какво прашање – со задоволство ќе ви помогнеме.

Не постои подобро време од сега да се почне со здрав и активен начин на живот

66 дена до трансформација на навика
Зошто овој предизвик е можеби точно тоа што ви треба
- Сакате да намалите килограми
- Сакате да зголемите мускулна маса
- Сакате да имате подобро здравје , повеќе енергија и подобар имунитет ?
- Сакате да научите да тренирате?
- Сакате да си ја поправите исхраната?
- Ви треба подршка и мотивација ?
Штом сте на оваа страница, тоа значи дека сте заинтересирани за вашето здравје и физички изглед. Ние сме тим од луѓе кои веќе една деценија активно го менуваат животот на клиентите
Без оглед од која земја ја гледате оваа страница, вие сте на вистинското место! Продолжете да читате затоа што за вас дизајниравме пакет за трансформација и 66-дневен предизвик преку кој ќе станете најдобрата верзија за себе!
Зошто 3×22 дена?
3×22 на најдоброто од мене!
За да создадете нови навики, ќе поминете низ 3 фази. Првата фаза ќе биде уништување на старите обрасци и навики. Во втората фаза, вашиот мозок ќе започне да извршува „реновирање“, т.е. нервните завршетоци на старите навики полека ќе се намалат, а нервните завршетоци на новите навики ќе го заземат своето место! Во третата фаза, вашите навики ќе бидат автоматизирани. Повторувањето на нив ќе биде многу полесно за вас и конечно ќе видите опипливи резултати. Вашите нови модели и навики ќе се интегрираат во вашата дневна рутина и повеќе нема да ви биде тешко да ги следите.
Навики
Како се формираат навиките?
Навика е научено однесување кое се формира преку долгорочно повторување.
Според истражувањето на Универзитетот во Лондон, потребни се просечно 66 дена за да се усвојат нови навики.
Подготвивме документи кои ќе ви помогнат да ги следите вашите навики, а со наша поддршка и едукација, за 2 ипол месеци ќе станете друга личност!

Ова ќе ви се случи по предизвикот 3×22











