Искористи го максимално својот потенцијал и направи најдобра
верзија од себе со промена на мали навики во исхраната и
физичка активност !
За Ненад
Со што се занимава ?
Моето име е Ненад Антовски и веќе 8 години како сум промотер на здрав и активен начин на живот. Заедно со еден неверојатен тим им помагаме на луѓето што сакаат да направат најдобра верзија од себеси во поглед на намалување килограми , зголемување мускулна маса, подобро здравје, подобар имунитет или пак притоа да заработат и дополнителен месечен приход преку промоција на здрав и активен начин на живот. Тука можете да се запознаете со сите наши проекти како што се 21 дневниот ФИТ БОДИ ПРЕДИЗВИК едукации за исхрана, бесплатните ФИТ КАМПОВИ, како и проекти за подобар личен развој, сето ова во склоп на интернационалниот 3×22 проект кој е навистина неверојатен и ве насочува кон тотален велнес. Затоа што тотален велнес не е само добро тело, туку добро тело, полн новчаник и добар начин на размислување. Јас секогаш се трудам да бидам опкружен со позитивни и амбициозни луѓе. Се надевам дека ќе ви се допадне мојава страница и ќе најдете некои добри информации за вас. Исконтактирајте ме слободно доколку имате било какво прашање.
Не постои подобро време од сега да се почне со здрав и активен начин на живот
66 дена до трансформација на навика
Зошто овој предизвик е можеби точно тоа што ви треба
- Сакате да намалите килограми
- Сакате да зголемите мускулна маса
- Сакате да имате подобро здравје , повеќе енергија и подобар имунитет ?
- Сакате да научите да тренирате?
- Сакате да си ја поправите исхраната?
- Ви треба подршка и мотивација ?
Штом сте на оваа страница, тоа значи дека сте заинтересирани за вашето здравје и физички изглед. Ние сме тим од луѓе кои веќе една деценија активно го менуваат животот на клиентите
Без оглед од која земја ја гледате оваа страница, вие сте на вистинското место! Продолжете да читате затоа што за вас дизајниравме пакет за трансформација и 66-дневен предизвик преку кој ќе станете најдобрата верзија за себе!
Зошто 3×22 дена?
3×22 на најдоброто од мене!
За да создадете нови навики, ќе поминете низ 3 фази. Првата фаза ќе биде уништување на старите обрасци и навики. Во втората фаза, вашиот мозок ќе започне да извршува „реновирање“, т.е. нервните завршетоци на старите навики полека ќе се намалат, а нервните завршетоци на новите навики ќе го заземат своето место! Во третата фаза, вашите навики ќе бидат автоматизирани. Повторувањето на нив ќе биде многу полесно за вас и конечно ќе видите опипливи резултати. Вашите нови модели и навики ќе се интегрираат во вашата дневна рутина и повеќе нема да ви биде тешко да ги следите.
Навики
Како се формираат навиките?
Навика е научено однесување кое се формира преку долгорочно повторување.
Според истражувањето на Универзитетот во Лондон, потребни се просечно 66 дена за да се усвојат нови навики.
Подготвивме документи кои ќе ви помогнат да ги следите вашите навики, а со наша поддршка и едукација, за 2 ипол месеци ќе станете друга личност!